Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти

0
22

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на

Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент.

Вкупно 348 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.