Во Македонија 929 новозаразени и 28 починати од Ковид-19

0
71

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 417, Куманово – 40, Штип – 20, Прилеп – 47, Тетово – 46, Струга – 31, Велес – 39, Битола – 46, Охрид – 33, Кавадарци – 23, Гостивар – 37, Гевгелија – 11, Струмица – 32, Крива Паланка – 7, Радовиш – 2, Крушево – 1, Кочани – 22, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 5, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 10, Свети Николе – 10, Кичево – 22, Ресен – 5, Неготино – 10 и еден во Кратово.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1.068 оздравени пациенти од Скопје – 255, Куманово – 51, Штип – 40, Прилеп – 81, Тетово – 74, Струга – 23, Велес – 64, Битола – 33, Охрид – 31, Кавадарци – 40, Гостивар – 67, Гевгелија – 22, Струмица – 68, Крива Паланка – 11, Радовиш – 8, Кочани – 27, Пробиштип – 6, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 7, Берово – 15, Валандово – 6, Виница – 9, Делчево – 31, Кратово – 10, Свети Николе – 19, Кичево – 42, Ресен – 9, Неготино – 13 и тројца од Дебар.

Починати се 28 лица, петмина пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22 години), еден од Куманово (69), еден од Дебар (66), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82 години), двајца од Струга (59 и 69 години), еден од Велес (66), тројца од Битола (76, 69 и 61 година), еден од Кавадарци (57), еден од Гостивар (83), еден од Радовиш (80), еден од Крушево (64), еден од Кочани (65), еден од Пробиштип (78), двајца пациенти од Кратово (по 76 години) и еден пациент од Кичево (80). Од нив, двајца се починати надвор од, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70.883, бројката на оздравени пациенти е 47.364, на починати е 2.051, а бројот на активни случаи изнесува 21.468. Според досега завршените и корегирани епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 30.689, активни 11.042
• Куманово 4.155, активни 645
• Дебар 526, активни 136
• Штип 2.964, активни 457
• Прилеп 3.516, активни 920
• Тетово 4.274, активни 998
• Струга 1.699, активни 422
• Велес 2.338, активни 668
• Битола 2.514, активни 889
• Охрид 1.921, активни 560
• Кавадарци 1.559, активни 566
• Гостивар 2.982, активни 883
• Гевгелија 874, активни 257 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 151 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.939, активни 556
• Крива Паланка 505, активни 132
• Радовиш 493, активни 121
• Крушево 149, активни 74
• Кочани 1.374, активни 244
• Пробиштип 392, активни 71
• Демир Хисар 214, активни 53
• Македонски Брод 191, активни 35
• Пехчево 114, активни 20
• Берово 441, активни 109
• Валандово 241, активни 53
• Виница 409, активни 123
• Делчево 578, активни 269 (163 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 168, активни 27
• Свети Николе 945, активни 200
• Кичево 1.409, активни 382
• Ресен 542, активни 196
• Неготино 768, активни 360 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.758 теста се преку: ИЈЗ-509, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена  -270, Биотек – 213, МАНУ – 168, Жан Митрев (Филип Втори) – 213, Систина со PCR метода – 177, лабораторија Лаор – 44, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 48, Инфективна клиника – 5, ГАК-13, Синлаб – 71, Ремедика – 19, лабораторија болница Козле – 20, ЈЗУ (рапид тест) – 893, УК Пулмологија со алергологија – 2. Досега во земјата се направени вкупно 357.102 тестирања на Ковид-19.