Во Скопје санкционирани 151 возач

0
39

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 8 за користење на мобилен телефон и 2 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.