Во Словенија 24 нови случаи на коронавирус, двајца починати

483

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, врз основа на 879 тестирани примероци, а починале уште две лица, според новите владини податоци.

Хоспитализирани се 22 лица, од кои пет се на интензивна нега, пренесува САТ.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.139 случаи на коронавирус, а 119 лица починале.