Во Словенија 37 новозаразени во последните 24 часа

0
307

Во Словенија, во последните 24 часа биле тестирани за коронавирус 937 лица, а потврдени се и 37 новозаразени, осум повеќе од претходниот ден, објави словенечката влада.

Ова е најголем број на заразени регистриран во Словенија во еден ден по 3 април, кога беа откриени 43 нови случаи. Нема нови смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата останува 129, од вкупно 2369 луѓе коишто се заразиле.

Во моментов, 18 пациенти се хоспитализирани поради Ковид-19, од кои тројца имаат потреба од интензивно лекување и 213 се активни случаи на инфекција, соопшти Министерството за здравство.

Четири лица се отпуштени од болниците во последните 24 часа на домашна нега по закрепнувањето.