Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

0
48

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице.

Хоспитализирани се 1.298 лица, од кои на интензивна нега се 205 пациенти.

Словенечките медиуми јавуваат дека вакцината против коронавирус се очекува да пристигне во земјата на почетокот на годината, а вакцинацијата во домовите за стари лица да почне во втората половина на јануари.