Во Словенија првпат над 100 нови случаи на коронавирус за еден ден

0
284

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 108 нови случаи на коронавирус. Словенечките медиуми наведуваат дека тоа е рекорден број и првпат да има повеќе од 100 случаи во еден ден.

Во последните два дена биле направени повеќе од 2.000 тестови, но како што пишува „Дело“, не е познато колку тестови се направени во последните 24 часа.

Словенија од почетокот на епидемијата регистрираше најмал број случаи на дневно ниво од сите земји во регионот.