Во сообраќајка во Велес тешко повредена малолетничка која управувала мопед

300


Рано утрово околу три часот по полноќ било пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Трајковски“, „Христо Татарчев“ и „Кумановска“ во Велес се случила тешка сообраќајна незгода.

Во неа учествувале автомобил „опел зафира“, управуван од 23-годишниот С.Д. од Велес и мопед „априлија“, управуван од 17-годишна велешанка.

Во незгодата со тешки повреди се здобила малолетничката, која веднаш била пренесена во велешката болница.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа од СВР Велес.