Во Србија 235 новозаразени и шестмина починати

0
253

Во Србија изминатите 24 часа се регистрирани нови 235 новозаболени и шестмина починати од коронавирус.

Во последните 24 часа на коронавирус се тестирани 8.086 лица, од кои 235 се позитивни.

Според Министерството за здравство, на респиратори во болниците во цела Србија има 91 пациент, што е најмал број од 5 јули наваму, кога на респиратор биле 81 пациент.