Во Србија 299 новозаразени и седуммина починати

0
66

Во Србија до 15 часот се регистрирани 299 нови случаи на инфекција со коронавирус, починале седум лица, додека 3.224 се хоспитализирани, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Од почетокот на пандемијата во Србија починаа 621 лице. По денешното намалување, стапката на смртност е 2,27%.

Според најновите податоци, има 120 пациенти на респиратори.

Во Србија, 10.033 лица биле тестирани за коронавирус во последните 24 часа.

Досега се потврдени вкупно 27.332 случаи на инфекција во Србија, а тестирани се 723.137 примероци.