Во Србија 7.393 новозаболени од коронавирус, 56 починати

0
61

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 7.393 случаи на коронавирус, а починале 56 лица.

Од последниот пресек тестирани се 21.799 лица, а од почетокот на пандемијата 1.980.277.

На апарати за дишење се приклучени 323 пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 8.594 лица се во болница.

Од почетокот на пандемијата во Србија, 249.224 лица биле позитивни на коронавирус, вкупно починале 2.172, а стапката на смртност е 0,87 проценти.

Епидемиолозите во Србија најавуваат дека мерките што се временски ограничени до 15 декември може да бидат продолжени.

За време на викенд забрането е работењето на сите објекти, освен на продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.