Во Србија рекордни 1.328 новозаразени од коронавирус, петмина починати

0
57

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9.690 лица на коронавирус, од кои 1.328 биле позитивни.

Починаа уште пет лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 39 пациенти се приклучени на респираторни машини во болниците во Србија.