Во возило на охриѓанец пронајдени три ќеси со марихуана

326

Изутринава во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.