Во Вухан повторно отворени сите училишта и градинки

0
55

о заштитни маски на лицето, учениците денеска се вратија во училиштата во Вухан, градот каде првично избувна епидемијата на коронавирус.

Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки. Државните медиуми објавија слики од илјадници ученици кои носат или се фотографираат пред кинеското знаме, пред враќањето во училишните клупи, пишува АФП.

Властите ги советуваа учениците да носат заштитни маски и, доколку можат, да избегнуваат патување со автобус и воз. Тие исто така известија дека ќе се префрлат на онлајн модел на настава во случај на појава на нови жаришта.

Кина во последните неколку дена не пријави нов случај на локален пренос на коронавирус.