Возач и патничка повредени во судар на автобус и автомобил кај Орланци

0
32

Сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и автобус се случила вчера во 8,30 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово, во близина на сeлото Орланци.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „шевролет круз“, управуван од 64-годишниот Ж.Д. од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила патничка од автобусот 25-годишната В.З. од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.