Возач тешко повреден, излетал од пат во битолско

466

На 29.07.2020 во 23.50 часот се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Новаци-Битола, кај с.Логоварди, битолско, во која  Ј.Б.(59) од општина Новаци, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.