Возач загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија

376

Педесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на излезот од Гевгелија.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога патничко возило „мини морис”, со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, излетало од патот.

На местото на незгодата починал возачот, а увид извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.