За влез во Република Грција не e потребен негативен ПЦР-тест само за возачите на товарни моторни возила, известува Министерството за внатрешни работи.
Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин Евзони, кој почнува на 17 август.
Во согласност со протоколот, до крајот на овој месец, на граничниот премин Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.