Возило излета од патот, еден загинат и двајца повредени кај Кратово

0
57

Вчера околу 15:30 часот во с.Железниц на пат од с.Туралево кон Кратово возило „тико“ управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.