Возило удри во 20-годишна девојка во Скопје

0
51

Синоќа во 20,40 часот во Скопје, на булеварот „Кочо Рацин“ пред крстосницата со улицата „Мирче Ацев“, возило „шкода фабиа“ управувано од Л.Т.(25) од Скопје удрило во пешак А.Б.(20) од Скопје. По незгодата А.Б. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.