Возило удри во бетонски столб во Штип, повредено седумгодишно дете

316

Синоќа во 19,10 часот било пријавено дека во Штип, на улицата Брегалничка, „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки управуван од З.Х.(48) од Штип удрил во бетонски столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Џ.Х.(40) и уште еден сопатник на седумгодишна возраст, кои се пренесени во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.