Возило удри во малолетник во Тетово

0
61

Вчера во 13.40 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(41) од с.Непроштено, Тетовско, удрило во малолетен пешак од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово.