Вработена како обезбедување нападнала скопјанец во барака на Општина Кисела Вода

0
324

Шеесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека вчера околу 9.45 часот во барака на Општината Кисела Вода бил физички нападнат.

Според пријавеното во полицијата, нападот го извшила Д. К. (52) од Скопје, вработена како обезбедување.

„Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, информираат од МВР во дневниот билтен.