Време е Македонија да игра на ЕП

0
43

Македонија, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси, го игра најзначајниот натпревар во својата фудбалска историја. Со победа над Грузија, македонските фудбалери ќе изборат пласман на Европското првенство.

Македонија и Грузија, во изминатите два месеци два пати играа во Лигата на нации. Двата натпревари завршија со идентични 1:1. Сепак влогот во вечерашната пресметка е многу, многу поголем.

Македонската селекција нема да биде комплетна во Тбилиси. Поради повреда во Грузија воопшто не отпатува Енис Барди, додека до последен момент селектортот Игор Ангеловски, ќе ја има дилемата дали Аријан Адеми ќе го започне натпреварот. Капитенот на Динамо Загреб има повреда, но тој го одработи синоќешниот тренинг.

Покрај Барди, во Тбилиси ги нема Кире Ристевски и Крсте Велкоски, кои имаат коронавирус.

За очекување е селекторот да не отстапи од формацијата кој најмногу ја користи 3-5-2, со Димитриевски на голот, Бејтулаи, Муслиу и Велкоски во одбраната, Алиоски, Ристовски, Николов, Адеми или Спировски и Елмас во редот за врска Несторовски и Пандев во шпицот на нападот.

Мечот на „Динамо арена“ ќе започне во 18 часот, а ќе го суди искусниот Англичанец Ентони Тејлор.