Вучиќ им честита на македонските фудбалери: Ќе бидеме со вас со цело срце

0
42

Српскиот претседател Александар Вучиќ им честита на македонските фудбалери за вчерашната голема победа над Грузија со 1:0. Со оваа победа Македонија првпат ќе се натпреварува во Европското првенство.

„На сите граѓани на Северна Македонија им честитам на историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со цело срце со вас“, напиша Вучиќ на својот „Фејсбук“.