За еден ден казнет 121 возач во Гевгелија

0
23

Полицијата за еден ден казнила 121 возач во Гевгелија.

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Гевгелија.

Притоа, изречени се вкупно 121 санкции, меѓу кои 30 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), а 20 за возење без возачка дозвола.

Казнети се и 13 мотоциклисти и осум возачи за неносење маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.