За еден ден казнети 301 возач во Скопје

0
50

Полицијата во текот на вчерашниот ден (5 октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, на територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени биле вкупно 301 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 13 лица, за пречекорување на дозволената брзина биле казнети 128 возачи, забележани биле 26 технички неисправни и нерегистрирани возила и изречени 80 мерки за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.