За еден ден казнети 310 возачи во Скопје, од кои 106 за брзо возење

0
53

За еден ден казнети се 310 возачи во Скопје, од кои 106 за брзо возење, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 310 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 106 лиза, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 17 возачи.

Казнети се и 12 мотоциклисти, 81 возач за непрописно паркирање, а изречени се и 37 казни за неносење заштитна маска.

МВР најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.