За еден ден казнети 643 лица поради неносење на маска

0
216

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени.