За напладне закажана собраниска седница, за реизборот на Џафери се потпишаа 62 пратеници

0
222

За денеска напладне е закажано продлжението на собраниската конститутивна седница, на која досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом.

Во веста на државната агенција МИА се наведува дека предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници. По изборот, претседателот на Парламентот во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.

Конститутивната седница се очекуваше да продолжи вчера, но тоа не се случи. Дел од медиумите јавија дека одржувањето го кочи незадоволство кај пратеници од ДУИ поради кадровските решенија за новата влада, односно поделбата на ресорите