За првпат од мај, Италија има над 1.000 нови случаи на коронавирус

0
66

Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани 1.071 нови случаи на коронавирус. Со тоа, бројот на новозаразени за еден ден надминува илјада за првпат од мај, кога владата ги олесни строгите карантински мерки.

Последен пат кога во Италија имаше повеќе новозаразени лица беше на 12 мај, кога беа регистрирани 1.402 случаи, шест дена пред укинувањето на десетнеделниот карантин, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на епидемијата во Италија, заразени се над 258.000 луѓе, а повеќе од 35.000 починале.