Забрането е групирање на повеќе од 4 лица по 21 часот, до тогаш ќе работат и угостителите

0
45

Скратување на работното време на угостителските објекти и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 21 часот се дел од мерките што ги донесе Владата денеска на седница.

Со новите мерки,  угостителските објекти ќе работат до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.