Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

0
41

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. Премиерот ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова поради неетичко постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и да поднесе иницијатива за информирање надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор ќе се запазат сите постапки за грантови според принципот за пресумција на невиност.