Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

0
64

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 101 возач.

За нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 32 возачи, а казнети се и 41 мотоциклист.

Полицијата казнила и 66 возачи за непрописно паркирање, а 68 возила се подигнати со пајак.

Изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.