За 10 години никнале над 3700 градби без дозвола
Владата неодамна силно тргна против дивоградбите и скопјани се израдуваа. Ама како да се дигна кочница на багерите… Да потсетиме, пред десетина дена целосно ја урнаа големата бетонска дивоградба кај трговскиот центар „Мавровка“. Три дена беа потребни да се срамни дивоградбата која се изгради за кусо време и за кој неколку месеци се бараше сопственикот, се бараше фирмата за уривање… Но, еве оттогаш до сега не се слушна за уривање на некоја друга дивоградба по градот. Од државниот Завод за статистика излезе податок дека само лани на подрачјето на градот биле направени 153 дивоградби – куќи, надградби, гаражи, тераси… Што се случи или ќе се случува со нив?
-Се беше само престава за наивен народ дека власта ќе почне да работи. Но сега се заседнаа во фотелјите и готово, заврши борбата со дивоградбите, револтиран е скопјанецот Симо, кој смета дека проблемот со дивоградбите уште ќе се зголемува.
Секој ден по една дивоградба во градот
Скопјани очекувале дека веднаш по рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ багерите ќе тргнат кон дивите платформи на Матка, како и кон големата дивоградба во близина на касарната „Илинден“…
-Дивоградби има на секоја улица, дивоградби има дури и на плоштадите, градот се нагрди, криминалците прават што сакаат, ама власта ветува борба против тоа иако инспекторите се прават слепи или пак некој им ги затвора очите. Нас на граѓаните со едно рушење сакаат да ни ги замачкаат очите, коментира Силвана Фидановска.
Инаку, со истекот на 2010-та година заврши и можноста која ја даде тогашната Влада да се легализираат дивоградбите изградени до март 2011 година. Тогаш за легализација се поднесоа околу 430.000 барања од сопственици од кои најголем дел беа од Скопје. Властите најавуваа дека со тоа ќе заврши приказната со дивоградбите и дека во иднина ништо нема незаконски да се гради бидејќи инспекциите ќе казнуваат. Но, така не се случи. Дивоградбите продолжија да се градат.
Повеќе прочитајте на следниот линк:https://skopskoeho.mk/zavrshi-li-vladinata-reshitelna-borba-so-divogradbite/