Зголемен број на породувања во болницата во Чаир, 300 повеќе во споредба со лани

0
64

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, информираат од Министерството за здравство.

„Од почетокот на годинава, до крајот на јули, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања“, се наведува во соопштението.

Од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19, работата тече регуларно, односно се спроведуваат породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

„Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, задолжително е носење на заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот“, нагласуваат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.