Женско тело извадено од водите на Пчиња

0
63

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња.

Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под мостот во Катланово, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“, а го го извадиле пожарникари од Скопје.

„Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, но на крајот безживотното тело од реката беше извадено“, соопштија од скопската пожарна.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација.