Жител на Сарај загинал на зграда во изградба, паднал низ отворот за лифтот

288

Утрово, во скопската полиција бил пријавен трагичен настан, кој се случил на улицата Пушкинова.

Имено, во зграда, каде што се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место.

На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.